(ВИДЕО) Петрушевски: Ќе бидеме во мнозинството на Советот доколку се исполнат нашите принципи

-Условите под кои ние би влегле во мнозинството на Советот нема да бидат личните привилегии, нема да бидат функциите, апсолутно ќе биде принципот како ќе функционира идната локална власт. Една од тие заложби наши ќе биде и на опозицијата да и се слуша гласот во Советот и тоа формално да го спроведеме на некој начин како што е спроведено на пр. во Собранието, на секоја закажана седница право да има опозицијата да предлага своја точка на дневен ред без да има потреба од некаква координација и без да им се надгласува точката и се она што впрочем ние го живееме во Куманово како ВМРО-ДПМНЕ во Советот 30 години, ако некој нас ни правел неправда, ќе се бориме таа неправда да се исправи. Исто така, стоиме на заложбата за обединување на политичарите во Македонија за интересот на граѓаните, меѓутоа за оние искрено кои што ќе се залагаат за ова што е наш принцип, а не, како што беше досега за личниот интерес, заради што сметам дека исто така принципиелно ќе биде СДСМ како политички субјект и ДУИ да заминат во опозиција и на локално ниво. Со тоа веќе се оформува тоа идно евентуално мнозинство во Советот и би го сочинувале сите други политички партии. Преземањето на одговорност за нас после 30 години како ВМР0-ДПМНЕ во општина Куманово е сериозна работа и секако дека ќе разговараме и за начинот на функционирање на општината, анализа на јавните претпријатија, преструктуирање на јавните претпријатија, јавните установи, образованието, начинот на вработување на професорите, кој што сметаме дека е крајно партизиран и е еден од клучните причини зошто е паднато образованието генерално во Куманово и во државата, многу точки за кои што ќе разговараме и за кои ќе бараме да бидат имплементирани, нормално и дел од нашата програма, неколку проекти ни се слични со проектите на останатите кандидати, не само со оние на Максим Димитриевски, но имаме и многу проекти кои што не успеавме да ги промовираме доволно, а се револуционерни и треба да бидат прифатени од Димитриевски.

Доколку се исполнат нашите принципи, ние сме подготвени да бидеме дел од мнозинството во Советот, дел од власта во Куманово, меѓутоа доколку нашите принципи не бидат усвоени ние можеме и да не прифатиме да ја делиме одговорноста или во било кој момент да излеземе и да бидеме надвор од тоа мнозинство, рече Бране Петрушевски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ и пратеник гостувајќи во емисијата СТАВ.

Коментари

коментар(и)