(ВИДЕО)Планот за поголема достапност на советниците во завршна фаза

Планот за поголема достапност на советниците кон граѓаните кој го подготвува советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е во завршна фаза и деновиве ќе биде доставен до сите советнички групи. Според координаторката Елена Доцевска-Божиновска целта е комуникацијата со граѓаните да се издигне на повисоко ниво односно да се воведат поинакви стандарди за комуникацијата која што ќе се рефлектира и на понатамошните состави на советот.

-Првата фаза би опфатила десетина алатки, мерки и активности кои што може да се реализираат на пократок рок и за кој што не е потребна финансиска конструкција, а втората фаза ќе биде унапредување на активностите, проширување и модифицирање таму каде што треба на активностите од првата фаза меѓутоа ќе опфати и пообемни и поопсежни проекти за кои што се потребни финансиски средства, меѓутоа сме со намера до тогаш да најдеме донатори односно организации кои што работат на финансирање токму на транспарентност, унапредување на транспарентноста и демократијата на институции на локално ниво. Во воведот имаме напишано дека не оставаме простор апсолутно за никакво политизирање и се надеваме дека комуникацијата со граѓаните ќе ја издигнеме на едно повисоко ниво. Веќе кога општината дава на име средства за работа, ресурси( лаптопи задолжија колегите советници, мобилни телефони, службени мејлови) сметам дека ако е од парите на граѓаните буквално се треба да се стави во функција на граѓаните. Сите тие ресурси заедно со општинската страна, официјална веб-страна каде што има е-алатки треба да ги ставиме во функција на граѓаните, а граѓаните да бидат тие што ќе изберат на кој начин ќе комуницираат со нас. Тоа што го предвидуваме е редовна посета на сите урбани и месни заедници по систем на ротација на советниците, редовни радио и телевизиски контакт емисии, секој викенд на кој што ќе присуствуваат, учествуваат буквално сите советници, исто по систем на ротација, ќе ги сослушуваат граѓаните, ќе ги запишуваат нивните проблеми, ќе си земаат нивни контакти и обврска за тој проблем граѓанинот да го контактираат веќе во следната недела и ќе бидеме фокусирани на проблемите на граѓаните, рече Доцевска- Божиновска.

Доколку планот не биде прифатен од сите советници, ќе биде модификуван и реализиран од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Коментари

коментар(и)