(ВИДЕО)Промовирано правото за слободен пристап на информации од јавен карактер

Асоцијацијата за демократски иницијативи АДИ и Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер денеска пред кумановци, грѓански органзиации, новинари и локални институции го промовираа правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Директорката на Агенцијата, Пламенка Бојчева истакна дека станува збор за единствен државен орган кој во доменот на својата надлежност посветено работи во сферата на заштита на правото на слободниот  пристап до информациите од јавен карактер. Агенцијата апелира и ги поттикнува сите институции на централно и локално ниво, да го подигнат правото на пристап до информации од јавен каракетр на повисоко општествено ниво преку зголемување и унапредување на проактивната  транспарентност во рамките на сопствените институции.

Извршниот директор на Асоцијацијата, Лулзим Хазири ги повика граѓанските организации, новинарите и граѓаните поактивно да го користат правото да бараат информации од институциите.

„Важно е граѓаните да имаат пристап до информациите и услугите што ги даваат институциите, да знаат како се трошат нивните пари, да счледат дали тоа трошење е рационално, да можат да учествуваат во донесувањето одлуки и создавањето политики“, рече Хазири.

Информативната сесија е во рамките на проектот на УСАИД за граѓанско учество, а во соработка со Центарот за ромска заедница ДРОМ од Куманово.

Проектот на УСАИД за граѓанско учество го зајакнува конструктивното учество на граѓанските организации во врска со политики и прашања насочени кон антикорупција, транспарентност и отчетност преку добро владеење на правото и го зголемува и одржува младинското учество во јавниот живот во земјава.

 

Коментари

коментар(и)