(ВИДЕО)Се подготвува сензорна соба во ООУ „Бајрам Шабани“

По основното училиште „11 Октомври“, сензорна соба наскоро ќе добие и училиштето „Бајрам Шабани“.  Претседателката на здружението Инклузива, Благица Димитровска информираше дека во рамките на проектот „Биди ин, биди инклузивен, биди инклудиран“ веќе е одобрено оформувањето на сензорна соба од која корист ќе имаат не само дечињата со попреченост и хиперактивните ученици, туку и образовните асистенти и наставниците. Освен што се подготвува сензорна соба во „Бајрам Шабани“, се подобруваат условите за пристапност на оваа категорија на граѓани и в о останатите училишта.

– Во процес е отворање на пристапни тоалети во училиштето „Христијан Тодоровски Карпош“, но и веќе е одобрено да се направи сензорна соба во училиштето „Бајрам Шабани“. Од праксата досега каде што веќе имаме оформено сензорни соби се работи и тоа многу се работи, не само со дечињата со попреченост, туку и со деца без попреченост кои што се хиперактивни или имаат проблем при задржување на концентрацијата, таму постојат едукативни форми и алатки каде што сите дечиња можат да бидат вклучени. Многу голема корист имаат образовните асистенти што од оваа година се заедно со дечињата со попреченост во училиштата, секако и специјалните едукатори, рехабилитатори, но и наставниците. Детето го задржува вниманието и по излегувањето од сензорната соба може еден час без проблем да ја следи наставата што ја следат сите дечиња. Со ваквиот начин на образование и места каде што можат да се релаксираат децата, добиваат сите, и училиштата и родителите и сите оние кои што вклучени во образовниот процес за да дадат поддршка образованието да биде за сите дечиња, изјави Благица Димитровска, претседател на здружение „Инклузива“

Минатата година сензорна соба преку проектот финансиран од ЕУ беше отворена и во основното училиште „Христијан Карпош“ во село Драгоманце, како и во повеќе образовни објекти во земјава.

 

Коментари

коментар(и)