(ВИДЕО)Советниците ја изгласаа измената на Статутот на ЈП „Куманово-паркинг“

Од  денешната одлука на советниците зависи дали 18,5 милиони денари дадени од општина Куманово на ЈП „Куманово паркинг“ со одлука на Советот во 2020-та година ќе бидат впишани во Централниот регистар. Доколку не се донесе одлука за измена и дополнување на Статутот, не може да се изврши упис на паричните средства кои што беа одобрени од општината за основната главнина на претпријатието, рече на седницата директорот Сашо Петрушевски, појаснувајќи им на советниците зошто е неопходно да се изгласа предлог-одлуката. Петрушевски особено потенцираше дека советниците нема да донесуваат одлука за зголемување на основната главнина на „ Куманово паркинг“, туку исклучиво одлука со која средствата ќе бидат впишани во Централниот регистар. Дел од советниците имаа забелешки и во однос на услугата јавно осветлување која претпријатието веќе подолго време не ја врши, а се уште фигурира во Статутот.

-За измена на Статутот на ЈП „Куманово-паркинг“, советниците од СДСМ и Српска странка нема да гласаат. Од директорот на ЈП бараме одговор од кои причини се врш зголемување на основната главнина на ЈП „Куманово-паркинг“ , не е доставено образложение. необразложено. Нема да гласаме за ваква одлука,  за ваков пречистен текст во кој се уште стои дека една од надлежностите на ЈП е вршење осветлување на градот.  Знаеме дека со одлука на една седница на претходниот состав на Советот надлежноста на претпријатието му е одземена, а во пречистениот текст истата надлежност се уште стои. Нека објасни директорот зошто стои надлежност која претпријатието не ја врши, туку ја врши општина Куманово, рече Сузана Манчиќ, советник од Српска странка

Претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска апелираше до менаџерите на јавните претпријатија во иднина навремено во законскиот рок од 100 дена да ги ажурираат податоците во Централниот регистар.

 

Коментари

коментар(и)