(ВИДЕО) Јакимовиќ: Со три катни гаражи до намалување на сообраќајниот метеж во Куманово

Со пари од буџетот на Општина Куманово во наредните четири години ќе се изградат три нови катни гаражи со вкупно 1418 нови паркинг места со што трајно ќе се реши сообраќајниот метеж во градот, најави на денешната прес-конференција, Благојче Јакимовиќ, кандидат за советник од НСДП.

„По претходно спроведени истражувања на јавното мислење, односно по препораки на граѓаните, предвидуваме изградба на три катни гаражи на следните локации: помеѓу Центарот за култура и ул. „Тане Георгиев“ со вкупно 140 паркинг места кои ќе можат да ги користат граѓаните од околните згради и од улиците во непосредна близина, на градежната парцела зад „НАМА“ помеѓу улиците „Ленинова“ и „Доне Божинов“ со капацитет од 912 паркинг места наменета за сите граѓани и зад Центар за вработување Куманово и Центарот за социјални работи Куманово на ул. „Тодор Велков“ со вкупно 366 паркинг места наменета за вработените во околните институции и за сите граѓани кои имаат потреба од паркинг место“, изјави Јакимовиќ.

Јакимовиќ посочи дека дополнителните паркинг места во централното градско подрачје ќе значат ослободување на улиците од непрописно паркираните возила и ќе придонесат за нормално одвивање на сообраќајот во Куманово.

Коментари

коментар(и)