ВИДЕО: Агрон Фазлији доби втор мандат од занаетчиите

Агрон Фазлији доби втор мандат од занаетчиите. На изборното собрание на републичката Занаетчиска комора кое се одржа во ресторан Грација во Куманово учествуваа 15 комори од државата.

Според занаечиите од земјава во последните четири години старо-новото раководство покажало дека работи за нивните интереси. Велат во деновите на пандемија, економската криза, менаџметот придонел за дејноста, да се спречат затворање и да се зачуваат работните мести.

Претседателот рече дека честа е голема но и одговорноста да се застапуваат занаетчиите. Рече дека ќе продолжи да работи за развојот на занаетчиството, дефицитарниот кадар и дејноста да го заземе своето место во државата. Од комората најавија и нови програми.

Коментари

коментар(и)