Кумановските актери со соопштение го изразија незадоволството што Министерството за култура во годишната програма не одвои средства за третата фаза од реконструкцијата на кумановскиот театар. Прашуваат зошто по ветувањата дадени во 2020 година, запре санацијата на оваа културна установа. Директорот на установата пак уверува, средствата ќе се обезбедат преку Влада.