ВИДЕО: „Бисери на резбата во кумановско“ на Славица Крстиќ

Во Занаетчискиот дом се отвори изложбата „Бисери на резбата во кумановско“ на Славица Крстиќ, кустос, советник, документатор, историчар на уметност и долгогодишен работник во кумановскиот Музеј.

Кумановци имаа можност да разгледаат 52 колор фотографии со детали од дрворезба, проследени со оригинални експонати од царски двери, нафора, рипиди, делови од голем крст со дракони, розета од таваница и една споменична скулптура. Опфатени се сите цркви во кумановско скоро 40-тина градени во периодот од 16 до 20-тиот век.

Оваа изложба е всушност и последна на Крстиќ, која заминува во пензија. Директорката на кумановскиот музеј, Мери Николиќ пред присутните зборуваше за долгогодишните постигнати резултати и успесите коишто ги постигнала Крстиќ и и посака убави пензионерски денови.

Изложбата е во рамки на програмата Ноемвриски денови.

Коментари

коментар(и)