(ВИДЕО) Бочварски и Николовски на увид во рехабилитацијата на делницата Куманово-Страцин

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски денеска извршија увид во рехабилитацијата на втората фаза од делницата Куманово -Страцин на магистралниот пат Куманово -Крива Паланка, која е со должина од 16,6 километри, а инвестицијата е во вредност од 7,2 милиони евра.

„Според активностите на терен и информациите од изведувачот и надзорот, оваа делница ќе се комплетира до крајот на ноември или почетокот на декември“,  рече министерот Бочварски, додавајќи дека вкупните средства што се инвестираат за рехабилитација на патниот правец изнесуваат 12 милиони евра.

Целата рехабилитација е поделена во две фази, информира вицепремиерот Николовски, посочувајќи дека првата фаза е од Куманово до селото Војник , во должина од 15,2 километри, во вредност од 4,7 милиони евра.

Николовски посочува дека секоја инвестиција во изградба, рехабилитација или модернизирање на патиштата  е инвестирање во развојот на економијата.

„Оваа Влада гради и инвестира во секој град подеднакво, а во североисточниот регион се случува вистинска експанзија“, потенцира Николовски.

Коментари

коментар(и)