ВИДЕО: Водата е безбедна, може да се консумира, тврдат надлежните

Граѓаните да не бидат загрижени, водата за пиење е безбедна и одговара на законските и стручните прописи во однос на физичко-хемиските и бактериолошките параметри, уверуваат од Центарот за јавно здравје Скопје и кумановската Филтер станица. Претходно преку соопштение до медиумите беше доставен лабораториски наод за неисправност на примерок од вода за пиење. Надлежните појаснуваат дека техничкиот проблем е отстранет, а кумановци не треба да бидат загрижени за консумација на истата. Уверуваат дека водата е под постојан надзор од Центарот за јавно здравје Скопје како и сопствената лабораторија на Филтер станицата.

-Анализата за која се работи се однесува на анализа кога е водата уште во процес на преработка, односно нејзиниот процес дезинфекција уште не е завршен, така што тоа се однесува на тој примерот за вода, додека примероците од градската мрежа изработени од истиот Центар за јавно здравје Скопје покажуваат дека водата е безбедна за пиење. Се работи за процесот на пречистување на вода кој во моментот кога е пуштен за дополнителни количини вода од системот Бедиње тогаш доаѓа до мало пореметување на самиот процес кој го технички кажано го збуни системот за земање на примерок на таа вода која продолжува со доработката и преработката и како таква станува безбедна за пиење и дури потоа влегува во системот за водоснабдување во Куманово-вели Тони Јовчевски, раководител на Фабрика за вода Куманово.

Надлежните нагласуваат дека нема простор за паника, бидејќи анализите на водата од пунктовите е безбедна и нема никаков проблем.

-Согласно правилникот за безбедноста вода за пиење Центарот за јавно здравје Скопје работи 11 анализи месечно на водата за пиење низ градската мрежа и досега нема некој проблем. Ние работиме над 100 анализи месечно во сопствената лабораторија на филтер станицата, анализите од градската вода, мрежа се исправни и кај нас и кај нив. Не треба да има никаков проблем и граѓаните да не се плашат да пијат-вели Јовчевски.

Проблем со неисправност на водата во Куманово е забележано само во 2001 година.

 

 

 

Коментари

коментар(и)