Во државното средно училиште „Киро Бурназ“ од вчера започна наставата. Поголем дел од вработените го прекинаа штрајкот. Оние коишто продолжија информираат дека настава речиси и не се реализира поради малиот број на ученици. Директорката пак спротивно на нив тврди 50 отсто од учениците се присутни. Регионалниот СОНК алармира и за притисоци во останатите установи.