(ВИДЕО) Во понеделник традиционалната велосипедска трка „Трофеј“

Во понеделник ќе се одржи традиционалната велосипедска трка „Трофеј- 11-ти октомври“, која ја организираат општинскиот сојуз на спортови, заедно со општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и велосипедскиот клуб Вело М, а под покровителство на велосипедската федерација. Настанот ќе започне во 12 часот, пред Спортската сала.

-Пред главната трка ќе земат учество дечиња од сообраќајот, детски семафор кои ќе се натпреваруваат за првите три места. Потоа стартува во 12 часот велосипедската трка Трофеј 11 ти октомври Куманово. На оваа трка ќе настапат велосипедски клубови од земјава планиравме да дојдат и клубови од странство но поради пандемијата која што не зафати нема да присуствуваат странски натпреварувачи ќе има само домашни. Сите ќе се натпреваруваат за ранг листата на велосипедската федерација на Македонија, што морам да нагласам велосипедскиот клуб Вело М Куманово е во водство на таа ранг листа, се наоѓаме на првото место и се надеваме дека и по оваа трка ќе остане состојбата иста-истакна претседателот на Вело М, Марјан Петровски.

Коментари

коментар(и)