ВИДЕО: ГФК Куманово со уште една победа

Градскиот фудбалски клуб Куманово викендов впиша прва победа на домашен терен сезонава, откако со резултат 3:0 го совлада тимот на ФК Петровец. За кумановци ова беше прва победа на домашен терен, но втора од почетокот на Третата фудбалска лига. Во првото полувреме тимот постигна два гола, а уште еден во вториот дел од средбата при што впиша нови три бода во табелата. Головите ги постигнаа Буљар Иљази, Петре Тасевски и Гоце Насковски. Следниот натпревар ГФК Куманово го игра на гостински терен против екипата на ФК Аеродром.

Коментари

коментар(и)