(ВИДЕО) Две седмици не функционираат семафорите кај „Жмара“

Речиси две седмици не функционираат семафорите на булеварот „Октомвриска револуција“ кај „Жмара“, иако ова е една од најфреквентните крстосници во градот. Семафорите не работат по големиот дефект што се случи на главната водоводна цевка, кога водата се излеа на улиците, а голем дел жители од овој дел од градот останаа без вода. Граѓаните и возачите револтирани што проблемот се уште не е решен. Велат не сме безбедни, семафорите мора да работат.

-Треба сите да внимаваат, треба да работат, тоа е нормално. Мислам дека 10-ина дена не работат, но и многу е незгоден овој семафор луѓето не е разбирливо, треба подобро да се регулира, да се стави дополнителен знак-дополни еден граѓанин.

-Неколку дена не работат, а што е не знам. Како копаа овде од тогаш навака. Ќе профункционираат кога ќе настрада некој, вака нема. Неколку дена нема, треба многу да се пази да се помине, јас 86 години сум како да поминам овде-истакна друг.

Од Секторот за комунални работи, инфраструктура и сообраќај при Општина Куманово информираат дека бил даден налог на јавното претпријатие „Водовод“, да се врати во правобитна положба теренот и да се постави столбот кој бил размонтиран, по што тие ќе ја ангажираат компанијата задолжена за одржување на семафорите. Согласно планот велат од следната недела би требало да профункционираат семафорите.

Од јавното претпријатие „Водовод“ информираат дека работат на решавање на проблемот.

ВИДЕОТО ЌЕ БИДЕ ПОСТАВЕНО ПО 18 ЧАСОТ!

Коментари

коментар(и)