ВИДЕО: Димитриевски: За КК Куманово има заинтересиран купувач од Нов Зеланд

Купувач од Нов Зеланд покажал интерес за Кошаркарскиот клуб Куманово, рече на денешната седница на советот, градоначалникот Максим Димитриевски одговорајќи на советникот Дејан Ивановски дали се потврдуваат гласините дека ККК ќе биде продаден на странски државјанин.

„Дали таа купопродажба ќе се реализира, или не, зависи од сопственикот на клубот, а тоа не е општината“, рече Димитриевски.

– Сопственик е фирмата „Оли травел“, не е сопственик Општина Куманово. Таа иста компанија кога е регистрирана и направена пререгистрација станала сопственик на АД КК Куманово и сите одлуки ги носи сопственикот. Тоа е приватен клуб. Дали ќе се продава приватен клуб тоа е одлука на сосптвеникот. Имаше иницијатива за купување на клубот и камо среќа да го купи некој, не само овој, сите, но и да преземе обврска да ги финансира истите и да нѐ растерети. Оние средства од 250 илјади евра на годишно ниво кои ги даваме за развој на спортот да ги намалиме на 50 илјади и да финансираме само развој на училишен спорт, а приватни клубови сериозни приватни компании да менаџираат со нив како што секаде во светот функционира, вели градоначалникот. Должен сум секоја иницијатива што ќе дојде, како во овој случај, заинтересиран купувач од Нов Зеланд што дојде до мене се претстави со фирма го поврзав со сопственикот на клубот и натаму општината нема врска, појасни Димитриевски.

Димитриевски рече дека во минатото се трошеле 300 илјади евра само на кошарка, а останатите спортови биле запоставени.

Коментари

коментар(и)