(ВИДЕО) Димитриевски: Извршен е обид за одземање на ингеренциите на градинката, министерството одговара ќе се поништи одлуката

„Историјата се повторува, пред неполни четири години на општина Куманово до денес неразјаснети околности и беа одземени ингеренциите за градинката „Ангел Шајче“. Денес повторно имаме ваков обид, информираше на денешната прес конфренција градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој нагласи дека министерството за труд и социјална политика извршило обид за притисок до локалната самоуправа за поставување нов директор на установата. Појасни дека на 29-ти март без какошто рече извршен инспекциски надзор од секторот за социјална заштита и заштита на деца под надлежност на ресорното министерство добил укажување на одредени материјални и процедурални недостатоци во работата на органите на општините со кое било посочено дека во рок од најкус можен период, еден ден, да започне постапка за објавување јавен оглас за избор на нов директор.

Од министерството пак појаснуваат за самата процедура и велат дека општината ги запазила рокови, затоа ќе се поништи одлуката за одземање на ингеренциите.

Коментари

коментар(и)