(ВИДЕО) Димитриевски: Набавката на компјутери е редовна постапка по завршување на четиригодишен мандат

Набавката на 33 лаптоп компјутери за советниците е редовна постапка по завршување на 4-годишен мандат, но доколку некој од советниците смета дека нема потреба од електронска опрема, може слободно да ја остави на општината, а ние ќе одлучиме каде ќе ја дистрибуираме, истакна градонаачалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Тој информираше дека веќе е во тек постапката на набавка на опремата која е неопходна за да можат да функционираат седниците на Советот.

-Секоја техничка опрема има свој рок на употреба. Многупати е многу поевтино да набавите нова опрема, отколку да ја сервисирате старата или застарена опрема, бидејќи се работи за лаптопови каде што менување на една батерија сега чини поскапо отколку да се набави ново техничко средство. Истите лаптопови потоа откако ќе ги вратат одат на технички сервис и доколку добиеме информација од сервисерот дека може да бидат користени ги задржуваме во општината и ги користиме во понатамошна употреба во деловите и секторите каде што се потребни-истакна Димитриевски.

Градоначалникот на Куманово нагласи дека последниве две години општината издвоила повеќе средства за набавка на високотехнолошка опрема и опремување на училиштата.

-Не само што ги опремивме со електронски уреди, туку и со електронски смарт табли можеби сме една од ретките општини во државата каде што во најголем број од училиштата поседуваме ваква опрема. Секоја донација е добредојдена, а политички изјави не сакам да коментирам, мислам дека одредени претставници во советот треба да одлучуваат врз база на нивните лични ставови кои што ги носат. Дополнително сите субвенции кои што ги доби при потпишување на договори со мобилните оператори се обидуваме тие средства да ги искористиме за набавка на дополнителна електронска опрема која што ја даваме или на користење на општинските служби или на дел на јавните претпријатија-додаде тој.

Нагласи дека и во последниот случај општината целосно го опремила ковид центарот со електронска опрема.

Коментари

коментар(и)