(ВИДЕО) Димитриевски: Ќе се известира за развој на стопанството

Ќе продолжиме со инвестиции за развој на стопанството бидејќи тоа е неопходно за отворање нови работни места во Куманово, истакна на денешната прес конференција, кандидатот за градоначалник на Куманово, од граѓанската иницијатива За наше Куманово, Максим Димитриевски, кој денеска ја посети индустриската зона Новине и Речици. Тој најави отворање нов бизнис инкубатор и технолошки центар за младите.

-Токму на оваа локација пред неполни два месеца, општината по пат на јавна лицитација успешно изреализира продажба на три градежни парцели и тоа на еден странски и двајца домашни инвеститори. Она што во минатото при продажба на земјиште во оваа индустриска зона се продаваше по едно евро од метар квадратен на последната лицитација успеавме да го продадеме по 15, 5 евра по метар квадратен и истите средства кои се собрани ќе бидат реинвестирани во оваа индустриска зона, како и дополнителни буџетски средства од буџетот на општина Куманово. Целта е да отвориме поголем број инвестиции, како од домашни така и од странски инвеститори и да го зголемиме бројот на работните места и условите во кои што работат секојдневно нашите граѓани. Имаме идеја и да отвориме нов бизнис инкубатор за млади на локација на покриениот градски базен, каде што младите во соработка со општината ќе можат да се собираат, организираат  и дополнително да доаѓаат до нови бизнис идеи и нивно креативно делување, особено во делот на бизнис идеи за висока технологија-посочи Димитриевски.

Коментари

коментар(и)