ВИДЕО: Едукација за превенција на бубрежната болест кај дијабетичари

„Превенција на хронична бубрежна болест кај лица со дијабетес” е насловена едукативната работилница организирана вчеравечер од Центарот за дијализа Диаверум и Здружението на дијабетичари Куманово, по повод Светскиот ден на бубрегот 2023“. Присутните имаа можност да слушнат и да се потсетат која е главната функција на бубрезите, од што е изграден бубрегот, што се случува доколку бубрезите не ја извршуваат својата функција, кои се причините за бубрежната болест и слично.

Предавач и едукатор беше доктор Надица Мисовска, спец. интернист – нефролог.

„Дијабетесот е една од водечките причини за хронична бубрежна болест. Појавата на терминална бубрежна болест кај лицата со дијабет е десетпати поголема отколку кај обичната популација која што нема проблеми со зголемено ниво на шеќер во крвта“, велат надлежните.

Според д-р Мисовска, 80 проценти од случаите на хронична хемодијализа се пациенти кои што страдаат од дијабет, од покачен крвен притисок или комбинирано од двете заболувања.

Коментари

коментар(и)