( ВИДЕО) Заврши Вториот Меѓународен фолклорен фестивал „Куманово 2021“

Љубителите на фолклорот изминативе три вечери имаа можност да уживаат во музиката и игрите на девет ансамбли од пет држави, Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска и Бугарија кои настапија на Вториот Меѓународен фолклорен фестивал „Куманово 2021“, на сцена пред НУЦК „Трајко Прокопиев“. Културната манифестација е во организација на МКЦ „Козјак“, во соработка со Фондацијата за култура и спорт Куманово, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на општина Куманово и Министерството за култура.

По дефилето низ улиците на Куманово, на првата фестивалска вечер, први настапија домаќините,  КУД „Панче Пешев” од нашиот град, а потоа и уметничкиот центар „Талија”- Белград, Србија, Вараждинскиот  фолклорен ансамбл од Хрватска, ФА ЈУ „Захумље”- Никшиќ, Црна Гора, ФА „ Славеј”- Софија, Бугарија, ансамблите „Битола” и „ Бојмија”- Гевгелија.

Меѓународниот фолклорен фестивал го отвори претседателката на Советот на општина Куманово, Атина Мургашанска.

„Фолклорот е непроценлива ризница на традицијата, во која свој запис оставиле нашите претци низ игра, песна и обичаи, како сведоштво за нашата самобитност и автентичност. Вечерва сме горди домаќини и на гостите од Бугарија, Хрватска, Црна Гора и Србија“, меѓу другото, рече Мургашанска.

Градоначалникот Димитриевски в саботата имаше средба со членовите на фолклорните ансамбли, учесници на овогодинешниот Меѓународен фолклорен фестивал, во Занаетчискиот дом. Тој им се заблагодари на учесниците и организаторите за учеството и успешната организација на традиционалниот фестивал.

На втората фестивалска вечер пред присутната публика со свој репертоар се претставија: културно-уметничко друштво од Сарај, Скопје, АКУД „Мирче Ацев”-Скопје, ФА “Славеј”-Софија, Р.Бугарија, ФА ЈУ “Захумље”-Никшиќ, Р.Црна Гора, Уметнички центар „Талија”-Белград, Р.Србија и Вараждински фолклорен ансамбл-Вараждин, Р.Хрватска.

На синоќешното затворање на фестивалот настапија: КУД „Дримкол”-Вевчани, Вараждински фолклорен ансамбл-Вараждин, Р.Хрватска, ФА ЈУ “Захумље”-Никшиќ, Р.Црна Гора, ФА “Славеј”-Софија, Р.Бугарија,Уметнички центар „Талија”-Белград, Р.Србија и домаќините КУД „ Панче Пешев”-Куманово.

Коментари

коментар(и)