ВИДЕО: Занаетчиите со неколку барања до локалните власти

Намалување на данокот на фирмарина, закупнина на данок за фирмарина на простории во општинска сопственост и намалување на данокот за имот, додека трае пандемијата, бара Занаетчиската комора од локалната власт, која ќе биде назначена по претстојните избори. Овие барања се значајни бидејќи ќе влијаат за опастанок на занаетчиите, кои се во исклучително лоша состојба, велат од комората.

-Нашите сознанија се дека фирмарините се движат од 2 до 6.000 денари,  и на самостојни вршители на дејност, и тука има различни бидејќи во нашата општина е 2.000 денари, во општина Охрид на пример е 500 денари. Мора да се усогласат овие фирмирини, или данок на фирмарина што плаќаат занаетчиите, бидејќи со тоа локалната власт може да придонесе иако е на годишно ниво, може во следниот период да се намали или целосно укине, со цел да им помогне на занаетчиите. Данокот на имот исто така бараме да биде 50 проценти намален, без оглед во која општина како е, иако тоа е со закон мора да се смени, но можат локалните власти да иницираат да се намали данокот на имот-вели Агрон Фазли, претседател на Занаетчиска комора.

Меѓу барањата е и справувањето со сивата економија, која влијае економски негативно врз градот, но и субвенционирање на старите занаети.

-Над 15.000 фирми кои вршат занаетчиска дејност, и над 6.000 самостојни вршители се занаетчии. Треба да се зачуваат овие стари занаети, затоа што се наши претставници пошироко. Локалните власти можат и да субвенционираат. Одредени општини нема да ги спомнам сега бидејќи е предизборен период, субвенционираа и стари занаети, и бараме тоа да биде во сите општини кои се регистрирани занаетчии, стари занаети, тоа е нивна одлука колкави ќе бидат субвенциите, за да покажат интерес и младите бидејќи кога ќе видат дека е субвенционирани. Да ги сочуваме овие стари занаети, да имаме со што да се гордееме, да се претставиме пред општеството, државите-нагласи Фазли.

Од Занаетчиската комора бараат и отворање на сувенирница во Куманово.

-Нема кога ќе дојде странац во нашиот град, нема што да купи да однесе во својата земја, дека бил во Куманово и дека тоа е од Куманово. Затоа имаме стари занаети, имаме и нови кои можеме да ги сместиме во таа сувенирница и да биде заедничка на градот и да може да се претставиме во добро издание за старите занаети-дополни претседателот на ЗКРСМ.

Занаетчиската комора има потреба и од простории. Од ова здружение укажуваат дека Занаетчискиот дом е најдобро решение, од кое ќе може да се промовира традицијата, културата. Овој објект нагласуваат е изграден и од самите занаетчии.

Коментари

коментар(и)