ВИДЕО: Започна 22-то издание на саемската манифестација „Денови на мед“

На градскиот плоштад денеска започна 22 -то издание на саемската манифестација  „Денови на мед“ во организација на пчеларското здружение „Пчела“ . Деветнаесет производители од Куманово и регионот пласираа пчелни производи, прополис, полен, матичен млеч, мед во саќе, мед во комбинација со јаткасти плодови и сушено овошје, а граѓаните имаа можност по саемска цена од 600 денари да купат мед.

-16 производители се од Куманово и кумановскиот регион, двајца излагачи од Република Србија со што нашиот саем добива меѓународен карактер и еден излагач од Берово. Оваа година не беше многу добра пчеларска година, но ние пчеларите мора секогаш да веруваме дека секоја наредна година ќе биде најдобра. Услов еден пчелар- поединец да изложи свои производи на саемот е да биде зачленет во пчеларското здружение „Пчела“. Членарината е симболична, само 500 денари. Оваа година имаме многу млади излагачи кои се до 5 години во пчеларството. Цената не е зголемена заради наша поголема заработка туку дека нема доволно количинина мед, а се друго во државата поскапе, храна, енергенси итн. Во кумановскиот регион не се зборува да се зголеми цената на медот, зависно од приносите цената може и да се намали, изјави Бобан Стошевски, претседател на ПЗ „Пчела“

– Во разговор со пчеларите слушнав дека оваа година не е баш добра за нив и дека приносот се движи од четири до пет килограми од пчелно семејство што е далеку под просекот за да биде рентабилна оваа гранка, меѓутоа еве ја користам приликата и едно ветување до пчеларите кое што им го дадовме дека во иднина оваа сточарска гранка сериозно ќе биде земена во предвид, и ќе се инвестира, со цел едноставно да опстои што е многу важно  во еко системот а да значи и привлекување на многу млади луѓе кои ќе започнат да одгледуваат пчели и да егзиситираат со своите семејства, изјави Цветан Трипуновски од Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Традиционалниот саем на мед е поддржан од општина Куманово.

Производителите велат дека во споредба со претходните години, оваа година производството е намалено и во кумановскот регион изнесува околу 10 килограми по кошница.

Саемот на мед ќе заврши во сабота, а дотогаш граѓаните можат да ги посетат штандовите и да купат од пчелните производи.

Коментари

коментар(и)