(ВИДЕО) „За наше Куманово“: Мол за производи на чевларите

Кандидатот за градоначалник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, Максим Димитриевски најави изградба на мини мол во кој ќе има локали на кумановските компании кои се занимаваат со чевларство и текстил. Тој денеска се сретна со дел од претставниците на чевларската индустрија.

-Тоа е на локација на „Октомвриска револуција“, локалитет Табакана каде во моментов согласно деталниот урбанистички план има предвидено изградба на станбено-деловен комплекс, но во рамки на нашата програма на оваа локација сакаме да изградиме подземни паркинзи и дополнително на два спрата еден трговски комплекс каде би биле дадени истите локалитети и локали да се користат од страна на занаетчиските дејности и да се формира еден мол за продажба на производи од чевларската и текстилната индустрија од нашиот град, изјави Димитриевски.

Според Димитриевски, на тој начин дополнително би се брендирал градот како град производител на чевли и текстил.

 

Коментари

коментар(и)