ВИДЕО: За неполни три месеци казнети околу 50 пешаци во Куманово

За помалку од три месеци санкционирани се 46 пешаци во Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи. Преминувањето улица надвор од обележан пешачки премин е најчесто застапено во летните периоди. Кумановци се согласуваат дека граѓаните се несовести, а особено нагласуваат младите воопшто не минуваат на овие сообраќајни правила, па прават дополнителни проблеми за возачите.

-Не ги користат пешачките премини, ние постарите чекаме, поминуваме на пешачките премини-вели еден граѓанин.

-Поминуваат кој како сака, ниска свест, сите итаат некаде не може кога гледаме возила пред нас-дополнува кумановка.

-Има многу возила доколку не внимаваш можеш да настрадаш и затоа вообичаено ние повозрасните поминуваме на пешачки, но децата не знам-нагласува трет.

-Повеќето поминуваат вака пресечуваат среде улица. Не е безбедно возачите да бидат повеќе примерни, повнимателно да возат, а пешаците секакви има-посочи кумановец.

Пешаците кои не поминуваат на обележаното место се соочуваат со казна од 20 до 50 евра зависно од видот на прекршокот. Тие може да бидат повикани и на часови за сообраќај.

-Покрај овие санкции се преземаат и други мерки и поуки со кои се укажува на граѓаните како правилно да се движат на улиците, а притоа да се почитуваат сообраќајните знаци и прописи-вели Ивана Младеновска, портпарол на СВР Куманово.

Од СВР Куманово нагласуваат дека посебната мерка, сообраќајна поука се спроведува согласно мерките за заштита од ковид 19, во Центарот за култура.

Коментари

коментар(и)