ВИДЕО: Здружение Доверба со семинар за почитување на разликите

-I;Ученици од различна етничка припадност од средните училишта „Наце Буѓони“, „Перо Наков“ и  „Гоце Делчев“ денеска учествуваа на семинар на кој што дебатираа за „Почитување на разликите“ во реализација на Здружение Доверба Куманово. Основните цели на проектот се да се обезбеди комуникација и дружење меѓу припадници на различни етнички/културални групи, да се овозможи запознавање на едните со другите што ќе придонесе  за рушење на стереотипите и предрасудите, да се развие толеранција, односно потреба за прифаќање и почитување на разликите меѓу поединците и меѓу различните култури и да се укаже на потребата за ширење на сознанијата меѓу другите во средината.

Координаторот на проектот Дивна Јанкова посочува дека треба се увиди дека сите учесници во програмата, без оглед на нивното етничко/културално потекло тежнеат кон исти цели кои што произлегуваат од потребата за почитување на разликите.

„Со почит и разбирање“ е продолжение на претходниот проект за ненасилна комуникација, медијација и почитување на разликите.  Проектот се реализира со поддршка на Екуменска иницијатива на жени од Република  Хрватска.

Коментари

коментар(и)