(ВИДЕО) ЗКРСМ на средба со фризерите и козметичарите

Претседателот на Занаетчиската комора, Агрон Фазлиј денеска се сретна со претставничките на фризерско-козметичарската дејност од Куманово. На средбата разговараа за законот за недела неработен ден, и покачувањето на минималната плата до 18.000 денари. Тие нагласија дека особено се погодени од новите законски измени, со кои се спречени да работат во недела. На тој начин велат се отвора можност за сивата економија.

-Со овој начин неработен ден недела, затоа што сметаат дека треба да се зближат семејства, за жал на некои професии како фризерите на некој начин им оневозможува да не работат тој ден и на тој начин и покрај тешките години што ги поминавме наместо да им оставиме да работат и во недела ние затвораме, но отвораме врата на сивата економија, затоа што токму коментарите од претставничките се дека во Куманово секоја втора куќа или стан работи како козметичко или фризерско студио, така што невестите што имаат свадби во недела, сигурно нема да ја направат уште во сабота-нагласи Лиде Стојановска, стучен соработник ЗКРСМ.

На средбата се зборуваше и за покачувањето на минималната плата, и што се таа ќе предизвика врз малите бизниси. Претседателот на комората Фазлиј барањата ќе ги достави и до економскиот социјален совет при Владата, кој денеска ќе држи состанок.

-Имаме предлог за изменување на законот кој што треба да се покачи минималната плата на 18.000 денари што исто така го оптоварува буџетот на занаетчиите, така што нашиот предлог е субвеницонирање по 2800 денари по вработен во рок од 12 месеци и некои други измени кои што ќе ги доставиме денеска-дополни таа.

Од Занаетчиската комора истакнаа дека не се откажуваат од нивните барања и во таа насока ќе остварат средба и со министерката за труд и социјална политика.

Коментари

коментар(и)