(ВИДЕО) Изменет сообраќајниот режим на две локации во градот

Дел од улицата „Ленинова“ повторно стана двонасочна, а изменет е и сообраќајниот режим на движење на крак од улицата „Октомвриска револуција“, информираа надлежните од општината.

По барање на граѓаните и по процена на комисија за еднонасочни улици и зонско паркирање во Куманово, донесена е одлука да се воведе двонасочен сообраќај во централното градско подрачје на дел од улицата „Ленинова”.

Според надлежните, паркинг местата ќе останат само од десната страна од крстосницата од „Иво Лола Рибар” и „Илинденска” и „Ленинова” кон крстосницата „Ленинова” и „Димитар Влахов”, со што останува постоечкото паркирање од левата страна на улицата, која е доволна широка и може да се одвива двонасочен сообраќај. Со истиот проект воспоставен е режим на сообраќај на крак од улицата „Октомвриска револуција” со воспоставување еднонасочен сообраќај во правец од станбен објект број „32″ во правец кон станбен објект „20″, соопштија надлежните.

Граѓаните со поделени мислења околу изменетиот сообраќаен режим во централното градско подрачје. Сметаат дека сообраќајниот метеж може да се намали само со обезбедување поголем број на паркинг места преку  изградба на катни гаражи на повеќе локации во градот.

Оваа измена следи по предлог на станарите од „Ленинова”, од плоштад „Маршал Тито” и од соседните улици кои бараа да се воведе двонасочен сообраќаен режим и да се намали сообраќајниот метеж кој се создава на „Гоце Делчев”.

 

 

 

Коментари

коментар(и)