ВИДЕО: Имунизирани над 300 дози за четврта вакцина

Тече вакцинацијата против Ковид 19 во Куманово. Според податоците од Здравствениот дом досега се имунизирани над 300 дози за четврта вакцина. Вообичаено интерес има кај повозрасните, но и кај помладите за трета доза, најчесто за патувања во странство.

-Интерес за вакцинација има моментално доаѓаат повозрасна група луѓе над 60 години за трета бустер доза и оние кои се вакцинирани доаѓаат и за четврта доза, пред се да се заштитат себе си и другите во околината. Најчесто се оние со хронични заболувања, лица над 60 години, но и претежно и младите доаѓаат. Претежно младите се заинтересирани заради документите во странство се вакцинираат затоа што сега им бараат минимум шест месеци претходно да се вакцинирани да може да влезат во државата. Тоа е за Америка, Австралија но и мерките се заоструваат моментално и во Европа-нагласи Зорица Владимировска Илиевска, лекарка Здравствен дом Куманово.

Вакцинацијата се спроведува со вакцините „Фајзер“ и „Модерна. Препорачаното растојание меѓу трета и четврта доза е најмалку четири месеци. Здравствените работници апелираат на масовна вакцинација.

-Како секој здравствен персонал апелираме луѓето да се вакцинираат помасовно заради тоа што вакцната не не штити од тоа да се разболиме но не штити од компликациите кои што ги предизвикува вирусот и тие се посериозни кај лица со хронични заболувања, зголемена телесна тежина, бремени жени, намален имунитет Работиме од 07 до 19 часот да им излеземе на сите во пресрет-дополни лекарката.

Од почетокот на вакцинација во Куманово се имунизирани над 113.000 дози вакцини против Ковид 19.

 

 

Коментари

коментар(и)