ВИДЕО: Куманово домаќин на меѓународна трка во велосипедизам

Куманово викендов беше домаќин на меѓународна трка во планински велосипедизам Ц1, која се одржа на локацијата Студена вода. Љубителите на велосипедизмот проследија трки во четири катеогрии во кои учествуваа над 100 велосипедисти од седум држави.

Меѓународна трка на која велосипедистите се натпреваруваа за UCI поени ја организираше велосипедскиот клуб Крос Сајклинг Куманово, со поддршка на велосипедската федерација на Македонија и Општина Куманово.

Најзаслужен за организацијата, и еден од најдобрите велосипедисти во земјава, Емил Цветанов изминатиов период напорно работеше на дизајнирање, трасирање и креирање врвна тркачка патека, на која поминаа приближно 100 учесници.

 

Коментари

коментар(и)