(ВИДЕО) Куманово за околу четири месеци ќе добие мамограф, најави министерот Сали

Министерот за здравство, Беким Сали при денешната посета на Куманово најави дека во тек е постапка за набавка на мамограф за Општата болница во Куманово. Тој вети дека најдоцна за четири месеци, во здравствена установа ќе биде решен овој долгогодишен проблем.

– Јас како и останатите министри,  ќе продолжам со верување, но ќе кажам дека за околу 4 месеци очекуваме мамограф и друга апаратура да биде инсталирана во Општа болница Куманово. Тоа е гарант затоа што се работи за финансии коишто се обезбедени од претходно од Светската банка и сега сме веќе во фаза на завршување на списокот која јавна здравствена установа каква потреба има како итна интервенција, така што мамографот е предвиден во Куманово-рече министерот одговарајќи на новинарско прашање.

Болницата која опслужува 200.000 жители, од 2017-та година е без мамограф. Стариот апарат се расипа, па пациентките од североистокот кои сакаат да извршат преглед или имаат заболување на дојка, се упатуваат во другите градови во земјава.

Надлежните од болницата пуштаа барања, од Министерството за здравство ветуваа, но на одолжување на набавката влијаеше и коронакризата, па предност се даде на друга опрема.

Коментари

коментар(и)