ВИДЕО: Куманово ќе го добие првиот смарт парк

„Реконструирани се сите патеки во стариот градски парк, а дополнително се изградени паркинг место и игралиште за баскет. Во меѓувреме, Советот донесе одлука да се постави ново осветлување, но и подземен систем за наводнување на паркот, информираше градоначалникот Максим Димитриевски на вчерашната седница.

Сепак, Димитриевски вели, подземниот систем за наводнување нема да се поставува бидејќи не е препорачлив за јавни прометни површини од ваков тип.

– Не пристапивме во реализација на средствата за реализација на подземниот систем за наводнување бидејќи со неколку компании со кои разговаравме кои ја вршат таа работа велат дека тоа е нешто идеално, но не е препорачливо да се вградува на јавни прометни површини бидејќи свеста на граѓаните е на ниско ниво и доаѓа до често оштетување на самите системи. Истите се прилично скапи, на пример еден распрскувач кој се вградува под земја и има капацитет да фрла вода со далечина од 12 метри чини од пет до седум илјади денари во зависност од произведувачот, вели градоначалникот.

Коментари

коментар(и)