(ВИДЕО) Куманово ќе добие сувенирница следната година

Во Куманово се уште нема сувенирница каде што може да се купат симболите од националното богатство. Занаетчиите од Куманово уште минатата година побараа од општина Куманово да им помогне да обезбедат деловен простор за отворање занаетчиски дуќан, во кој ќе се продаваат нивните производи и ракотворби. Продавницата би ја посетувале домашни и странски туристи, но и граѓаните кога сакаат да подарат некому рачно изработен автентичен подарок од градот. Претседателот на Регионалната занаетчиска комора Куманово Агрон Фазлији посочува дека занаетчиите имаат поддршка од локалната самоуправа за барањата кои што ги доставиле, но потребно е време да се исполнат сите.

– Градоначалниот ни кажа дека ќе биде отворена сувенирница, но ние ќе одиме точка по точка, како ќе биде подготвена општината така и ние ќе постапиме, затоа ќе и дадеме време на општина Куманово да ни најдат простор, соодветно место каде што ќе се истакнат овие стари занаети, така што поддршката од општината веќе е видлива, изјави Агрон Фазлији, претседател на Занаетчиска комора на Македонија

Градоначалникот Максим Димитриевски вели дека е предвидено еден од дуќаните во рамките на Занаетчискиот дом да стане сувенирница.

„Со поддршка на општината и на занаетчиското здружение, сувенирница ќе биде отворена во еден од долните дуќани на Занаетчискиот дом, за кои Општина Куманово води постапка за враќање во владеење на дуќаните“, рече Димитриевски.

-Куманово води правна постапка веќе трета година. Го чекаме конечниот епилог, првиот момент кога ќе имаме правосилно судско решение, бидејќи тие најголем дел од дуќаните кои се користат во моментов се користат од лицата се користат бесправно и ние ги сметаме дека го имаат узурпирано тој простор. Во една легитимна постапка ќе поведеме постапка да ги реиздадеме објектите, а во рамки на истите дуќани еден од постоечките дуќани ќе биде сувенирница, рече Максим Димитриевски, градоначалник на општина Куманово

Димитриевски се надева дека постапката ќе заврши идната година и нагласи дека сега закупнината на овие дуќани е незначителна во вредност од, како што рече две-три тезги на пазар, што според него не соодветствува на атрактивноста на просторот, односно закупците треба да плаќаат кирија врз база на пазарната цена на чинење на самите објекти.

Инаку, општина Куманово годинава субвенционира 15 занаетчии со вкупно 150.000 денари кои што настојуваат да ги зачуваат старите занаети во градот.

Коментари

коментар(и)