ВИДЕО: Кумановци утре ќе трчаат за Теодосија и Ана

Кумановци утре ќе трчаат за да им помогнат на двете девојчиња со сериозна здравствена состојба Теодосија и Ана.

Претседателката на Советот на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска денеска ги повика кумановци масовно да земат учество на хуманитарната трка која ќе започне во 10 часот на булеварот „Октомвриска револуција“.

Хуманитарната трка за Теодосија и Ана е поддржана од Советот на општина Куманово и Фондацијата за култура и спорт.

Коментари

коментар(и)