(ВИДЕО) Левица: Очекуваме добар резултат во Куманово

Ревизија за борба со урбана мафија, дигитализација во општините, со цел да се намалат редиците за чекање, се само дел од мерките коишто ги предвидува програмата на Левица. Од оваа партија се надеваат дека ќе ги поматат сметките за советничките места на двете големи партии во Куманово.Таргетираат советнички места, бидејќи таму се најголемите криминали, а цената за „купување“ советник изнесува 30.000 евра, нагласи на средбата со членовите на локалниот огранок и со кандидатите за советници во Куманово, лидерот на Левица, Апасиев. Програмата е разновидна и темелена на законските надлежности на општината.

 -Е-општина, проект за дигитализација на услугите со цел да нема редици на шалтер, потоа борба со урбана мафија, ревизија на дупови и гупови кои се буквално пиони на големите инвеститори. Имаме велосипедски патеки скоро во секоја општина, проширување на мрежата, во Скопје и рамни градови првенствено е велосипедскиот превоз, потоа урбанизам, сообраќај, и заштита од ноќни бучави, верски објекти, кафулиња, 15 поглавја се што е во надлежност на општината-нагласи претседателот на Левица, Димитар Апасиев.

Во 15-те мерки се и заборавените пензионерски домови, кои ги има во повеќето градови, но се полупразни. Во Куманово на локалните избори настапуваат по втор пат. Очекуваат од 3 до 5 советници. Носителот на советничката листа на Левица во Куманово, Лазаревски нагласи дека е неопходна итна децентрализација на политиката.

Изминатите 30 години во Куманово целата власт е сконцентрирана само на тесниот круг во општината, во самиот град. Ние се залагаме за тоа да поминат повеќе политички програми, активност, насекаде низ целата територија на општината, бидејќи Куманово е многу голема општина, тоа е и Шупли камен и Речица и сите други села и населби. Тоа е нашето најголемо залагање, бидејќи тие луѓе само се посетуваат во предизборни кампањи, политичарите потоа ги забораваат. Немаат ниту превоз, ниту соодветни услови за живот за жал, дали е зима, чистење на снег и слично-посочи Никола Лазаревски, носител на советничка листа Левица Куманово.

Левица на овие избори настапува со 45 листи, од кои осум градоначалнички.

Коментари

коментар(и)