(ВИДЕО) Милан Калиниќ: Секогаш е убаво да се игра пред кумановци

Одлични реакции кај публиката предизвика претставата „Идеална половина“ на продукцијата Арлекин од Белград, Република Србија, која синоќа беше изведена во рамки на 24-то издание на фестивалот „Денови на комедија.

Салата на Центарот за култура, согласно проколите беше исполнета 30 отсто. Актерската екипа ги оправда очекувањата на кумановци, па заслужено доби повеќеминутен аплауз.

Претстава според текстот на Милена Деполо, а во режија на Никола Завишиќ, ја изведоа Милан Калиниќ, Зинаида Дедакин, Вучиќ Петровиќ и Анастасија Мандиќ.

-Не сум прв пат овде, кога и да дојдам со која било претстава секогаш беше слично. Мислам дека публиката уживаше вечерва како и претходно кога доаѓавме досега, а овде бев најмалку на пет претстави. Знам што ме чека кога ќе дојдам во Куманово, знам дека публиката многу не сака и навистина со задоволство доаѓам. Секогаш е убаво да се игра-истакна актерот Калиниќ.

-Вечерва имав премиера, прв пат во своите 60 години сум овде. Пресреќна сум, предобра публика која не следеше на вистинските места реагираше, ви благодарам на приемот-истакна актерката Зинаида Дедакин.

Фестивалот продолжува утре со претставата „Женидба“ на белградскиот театар Народно позориште Приштина.

 

Коментари

коментар(и)