ВИДЕО: Министерството за култура годинава одобри 25 проекти за Музеј Куманово

Во националната установа Музеј Куманово годинава ќе се реализираат 25 проекти, одлучи Министерството за култура. За оваа намена одвоени се еден милион и 600 илјади денари. Најмногу средства се одвоени за музејската дејност и археолошките истражувања кои продолжуваат на веќе познатите локации, Градиште во Младо Нагоричане и Бислимска Клисура во село Пчиња.

 

Коментари

коментар(и)