ВИДЕО: Митровски: Има доволно гас за претстојната грејна сезона

– Имаме обезбедено, потпишано договор во вредност од 32 милиони денари со важност до 16 мај 2023-та година, тоа е доволна сума на пари за да се снабди целиот град, а пак тоа ќе зависи од потрошувачката  и од цената. Информација до јавноста, моменталната цена за месец јули што ја фактуриравме беше 92 денари, за месец август е најавено покачување, цената да биде околу 120 денари, за што се известени сите наши потрошувачи, пред некој ден добивме ново известување за цената за септември месец што ќе биде над 150 денари. Што ќе биде во наредниот период никој не знае, цената се менува од ден на ден. Куманово може да остане без снабдување со гас од две причини. Едната причина е да снема целата држава гас, да биде исклучена од доток, а втората ситуација е да дојде до исклучување само на град Куманово, во случај да одредени објекти, општината, училиштата, градинките повлечат одредена количина на гас, истата фактура не ни ја платат во предвидениот законски рок до 15-ти, при што ние нема да имаме средства да го исфинансираме тоа, односно да ја платиме фактурата до нашиот снабдувач, автоматски со тоа ќе дојде до исклучување на гас на нашето претпријатие, а со тоа ќе нема целата општина гас, рече Марко Митровски, в.д. директор на ЈП „Куманово-гас“ на последната одржана седница на Советот на општина Куманово.

Коментари

коментар(и)