ВИДЕО: Младите од ВМРО-ДПМНЕ со еко акција на Студена Вода

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Куманово организира еко акција која ќе се одржи утре на Студена Вода.

-Како нов претседател на УМС Куманово заедно со младите членови и поддршката на општинскиот комитет ќе организираме еко акција која ќе се одржи утре, на 17-ти септември, по повод денешниот Светски ден на заштита на озонската обвивка. По тој повод ве поканувам сите, упратувам јавен повик особено до најмладите граѓани да се одлучат и да учествуваат утре на излетничко место Студена вода во Доброшане. Еко акцијата ќе трае од 15 до 17 часот и ќе биде проследена со други активности-истакна претседателот на УМС Куманово, Иван Димитриевски.

Коментари

коментар(и)