ВИДЕО: Над 350 кучиња на меѓународната изложба на расни кучиња

Љубителите на животни во Куманово викендов имаат можност да ја проследат меѓународната изложба на расни кучиња, којашто ја организира Кинолошкото друштво „Кинолог“ од Куманово, во соработка со Македонски клуб на Кавкаски овчар. На првиот ден од изложбата се претставија над 160 кучиња од земјава, соседството но и други европски земји.

-Се одржува седмата, утре осмата државна изложба САС Куманово 2022 година. По каталог за денеска имаме пријавено 194 кучиња, за утре имаме 180. Со оглед на временските услови од вкупните 194 немаме направено анализа, но над 160 има дојдено. Имаме излагачи најголем број од Куманово, целата држава, скоро сите градови, од Србија, Бугарија, Грција, Романија, Италија, Франција им благодарам на сите што дојдоа му пркосеа на времето на овој дожд и се надевам дека сите ќе бидат задоволни-нагласи Марко Митровски, претседател на кинолошко друштво „Кинолог“.

Утре е планирано да се одржи и специјализираната изложба за кавкавски овчари.

Меѓународниот кинолошки судија, д-р Перо Божиновски, кој учествувал на изложби во над 45 земји ширум светот, појаснува дека во Македонија има над 130 раси.

Предвидени се награди за најдобрите. Организаторите задоволни од поддршката која што ја добиле од општината, но и спонзорите.

Коментари

коментар(и)