(ВИДЕО) „Наце Буѓони“ и годинава добитник на проект од МОН

И оваа учебна година по деветти пат, средното техничко училиште „Наце Буѓони“ е добитник на грант на проектот „Меѓуетничка интеграција на младите во образованието“ од Министерството за образование и наука, а во партнерство со училиштето „Коле Неделковски“ од Велес. Заеднички ќе се реализираат бројни активности со ученици од мешан етнички состав. Целта е со активностите да се придонесе за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција, односно да се зголеми соработката и дружењето на учениците од различните етнички заедници во училиштето и пошироко.

-Традиционално ние го негуваме мултиетничкиот етнос, кај нас мултиетничка соработка и меѓусебна поддршка на сите култури и заедници кои учат и живеат во Куманово. Училиштето од Велес, „Коле Неделковски“ ја нема таа среќа да има широка лепеза на различни етнички заедници на ученици. Ние ги негуваме тие вредности, нивните историски корени, сите различни културни вредности, ги посетуваме, дали се џамии, историски споменици, соодветно вреднуваме како Стоби, Музејот на албанската азбука, Кокино, сите вредности коишто се во двата града и низ земјава успеавме низ овој проект да ги посетиме, а радоста е поголема што децата во една неформална комуникација се повеќе зајакнуваат. Ги почитуваат разликите, меѓусебните вредности и еден дух на меѓусебна толеранција се шири во нашето училиште, иако сме во две згради, тоа не се забележува затоа што постојано ние низ тие активности наоѓаме начин како да ги зближиме, наоѓаме нешто што ни е заедничко-нагласи Дивна Јанкова, психолог и координарот на проект,

Во рамки на грантот лани биле спроведени работилници поврзани со ковид пандемијата, односно помош при емотивно и ментално здравје на учениците за време на коронавирусот. Се реализирала и работилница на тема Планинарењето го подобрува физичкото здравје, а се работело и на препознавање на дискриминацијата.

-Стучните активи беа активни, машинскиот актив потоа направивме и проект, добивме ЦНЦ машини, дури се отвори нов смер во кој може да се надоградуваат учениците. Иако мали се грантовите симболични колку да може да се отпатува, големи се резултатите од тоа што и на стручно и на индивидуално ниво, се зајакнува. Ги посетија и индустриските капацитети, компании, согласно струките, електро струка споделија што тие работат, ги унапрадуваме и образовната и воспитната страна но од друга страна ја зајакнуваме самодовербата, почитувањето меѓу децата, вредностите. Сега оваа година реализиравме настан на Спомен Костурница по повод Денот на градот-дополни Јанкова.

Оваа година информираат планирано е да се одржат планинарски тури, посета на културно историски споменици и верски објекти, работилници со дефектолози, работа со лица со попреченост, искуства со угостителската струка која што функционира во Велес и слично.

Коментари

коментар(и)