ВИДЕО: На починатите сопружници, видливи траги од повреди

На починатите сопружници, триесет и шестгодишната Бранкица и 43-годишниот Бобан од кумановско Табановце, биле регистирани видливи траги од повреди, информира кумановската полицијата.  Јавен обвинител нареди обдукција, но и вештачење на пронајдените траги и материјални докази.

Настанот се случил утринава во 08 часот и 20 минути. Според информациите на жителите од Табановце, нема очевидци, а случајот во полицијата го пријавил член на семејството. Соседите укажуваат дека во Табановце било мирно и досега немало вакви поголеми трагедии. Нагласуваат дека и мажот претходно бил познат на полицијата.  Екипи на Секторот за внатрешни работи Куманово и јавен обвинител од Основното јавно обвителство Куманово извршија увид во семејната куќа во Табановце.

-На 17.08.2021 година во 08.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во семејната куќа  во с.Табановце, кумановско, биле пронајдени починати и со повреди Б.С.(43) и неговата сопруга Б.С.(36). По преземани мерки било констатирано дека Б.С. починала од здобиени повреди од остар предмет, додека нејзиниот сопруг имал прострелна рана од огнено оружје. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Куманово. По наредба на Јавен обвинител, телата на починатите биле предадени на обдукција. СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот истакна Ивана Младеновска, портпарол СВР Куманово.

 

Коментари

коментар(и)