(ВИДЕО) На Табановце зголемен проток на патници

Зголемен е протокот на патници за влез, но и за излез од државата на граничниот премин Табановце. Од полноќ до 10 часот, од земјава излегле над 1.500 македонски државјани. Дел од нив потврдуваат дека се уште заминуваат за вакцинација во соседна Србија. Велат примивме вакцина и се враќаме дома.

Согласно податоците досега над 16.000 македонски државјани се вакцинираа во Србија.  Но на граничниот премин денеска метеж можеше да се забележи и за влез во државата. Голем број патници веќе почнаа да ги користат летните одмори и се упатуваат кон Грција.

Од полноќ до 10 часот во државата влегле дури 2.578 странски патници, а излегле 395.

 

 

Коментари

коментар(и)