ВИДЕО: Одлични резултати за гимназијалците Мила и Марко на Меѓународниот натпревар по англиски јазик „Хипо“ во Италија

Гимназијалците Мила Смилевска и Марко Спасовски освоија трето и четврто место на Меѓународниот натпревар по англиски јазик „Хипо“ одржан во Lido di Jesolo, Италија од 23 до 25 мај годинава. Мила и Марко беа единствените учесници и претставници од Македонија кои што освоија одлични резултати во конкуренција од дури 30.000 натпреварувачи од цела Европа.

Мила и претходно учествувала на натпреварот „Хипо“, додека Марко е дебитант и верува дека секогаш може да се постигне подобар резултат.

-Еден од учениците е под мое менторство така што соработувавме и за време на часовите и надвор од часовите, се подготвуваме, додека ученичката која го освои третото место е под менторство на Елена Марковска. Натреварот е од комбиниран карактер, едниот дел е толкување односно текстови, а вториот дел од тестот е употреба на англискиот односно граматички дел, изјави Александра Маневска, наставник по англиски јазик

-Ова ми е втор пат да учествувам на натпреварот „Хипо“ односно втор пат учествувам на европско ниво. Во 2021 година освоив прво место, сега сум многу задоволна од освоеното трето место и се надевам дека во иднина ќе продолжам со вакви успеси. Сега натреварувањето беше на повисоко ниво од претходниот пат, изјави Мила Смилевска, ученичка во прва година во Гимназија „Гоце Делчев“

-Првпат учествувам на меѓународен натпревар и се надевам на повисок пласман наредната година, изјави Марко Спасовски, ученик во втора година во Гимназија „Гоце Делчев“

„Хипо“ е меѓународна олимпијада што се организира со цел да ја промовира важноста на познавањето на англискиот јазик и да ги зближи децата од различни земји.

Коментари

коментар(и)