ВИДЕО: Одлични резултати на младите атлетичари

Одлични резултати постигнаа младите атлетичари до 16 години на младинскиот куп и државното првенство. На младинскиот куп на Македонија кој се одржа во Скопје, женската екипа заврши на второто место, додека машката се најде на третото на државното првенство. Тренерот Филип Колевски, раскажува дека е задоволен од пласманот иако имало потфрлувања. Нагласува младите  постигнаа и лични рекорди.

-Сум задоволен имаше постигнато многу лични рекорди, две први места, три втори места и две трети поединечно, што радува има надеж за овие млади членови на клубот. Најдобар резултат, највреден од ова првенство го постигна нашата ателитичарка која постави државен рекоред во фрлање диск за оваа возраст и го подобри личниот за речиси 3 метри за категорија под 16 години. Последниот натпревар во оваа дисциплина оваа година сепак државен рекорд е нешто највредно така единоставно и мотото и начинот на работа е да произведуваме идни репрезентативци-нагласи Колевски.

Теа Алексовска е атлетичарката која постигна државен рекорд на првенството во фрлање диск.

-Чувството е неверојатно, со тоа што две години веќе се обидувам да го урнам овој рекорд и успеав на последниот натпревар како пионерка да го урнам рекородот кој изнесуваше 35, 60 а јас го подобрив за речиси три метри и сега изнесува 38, 02 исто така. Го надминав стариот рекорд четири пати на истиот натпревар. Пред тоа се одржа и младински куп каде што бев прва со остварена норма фрлање диск. Учествував и во други дисциплини-посочи таа.

Алексовска нагласи дека постигнатите резултати се мотив во наредниот период да се насочи на други рекорди.

 

Коментари

коментар(и)