(ВИДЕО) ООУ „Толи Зордумис“ – домаќин на општински натпревар по англиски јазик

Основци и средношколци од општините од североисточниот регион денеска учествуваа на општински натпревар по англиски јазик организиран од Асоцијацијата на наставници по англиски јазик- ЕЛТАМ. Домаќин  на натпреварот беше основното општинско училиште „Толи Зордумис “, а се натпреваруваа стотина ученици од петто до деветто одделение и триесетина средношколци од прва до трета година, информира локалниот координатор и наставник по англиски јазик во училиштето, Милена Петковска.

-Станува збор за масовен натпревар со 70 нивни ментори, така што денеска над 200 луѓе се тука. Огромна организација, но и огромна чест е што можеме да бидеме домаќини на еден ваков настан. Им посакуваме на сите ученици се најдобро. Тие се натпреваруваат денеска со самите себе си, затоа што треба да освојат или 70 или 75 поени за да дојдат на регионалниот натпревар, изјави Петковска.

На општинскиот натпревар по англиски јазик тестирањето на учесниците траеше 60 минути. Во рок од еден час учениците имаа можност да ги покажат своите знаења од областа на граматиката во англискиот. Наставниците по англиски јазик во „Толи Зордумис“се задоволни од постигнатите резултати на своите ученици со оглед на тоа што изминатите години учествуваат речиси на сите натпревари од каде што најчесто се враќаат со освоени награди.

На општинскиот натпревар има само прашања од граматички дел, а на регионалниот ќе имаме и дел со текст, со разработка на зборови, а овојпат има само од граматичкиот дел од она што е учено секоја година, значи запазени се програмите. Ние можеме да се пофалиме дека сме екстра задоволни од резултатите на нашите ученици бидејќи можеме да се посветиме и се посветуваме на децата максимално, се трудиме да ги испочитуваме сите можни натпревари и да се покажеме во најдобро светло и горди сме со многу досегашни добиени награди, изјави Петковска.

Регионалниот натпревар по англиски јазик ќе се одржи на 16 април годинава. Учесниците кои што денеска ќе покажат најдобри резултати и ќе се пласираат на регионалниот натпревар, повторно ќе имаат можност да се натпреваруваат следниот месец во истото училиште „Толи Зордумис“.

 

Коментари

коментар(и)