(ВИДЕО) Опожарени куќи во Мургаш, кумановските пожарникари ќе помагаат и во Старо Нагоричане, информира Димитриевски

Во последните 24 часа на територија на општина Куманово се регистрирани девет пожари, истакна на денешната прес конференција градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, на кои интервенирала кумановската противпожарна единица. Пожарите се регистирани во Тромеѓа, Четирце, Пуковско, Пезово, Бељаковце, Доброшане каде е интервенирано при гаснење на фабрика за преработка на дрво, Зубовце викенд куќа и Мургаш каде е и најсериозниот пожар.  Таму се опожарени поголем број куќи.

ТППЕ Куманово делуваше дополнително и на три други локации во соседна општина Старо Нагоричане и тоа на локација Малотино повеќе од 36 часа даваме континуирана поддршка на противпожарните екипи кои работат на тој терен и дополнително во селата Ваксинце и Матејче-истакна Димитриевски.

Првиот човек на Куманово инфомираше дека општинскиот кризен штаб донел одлука сите сили на пожарната единица да се стават на располагање на општина Старо Нагоричане, за справување со состојбата во Кокино, а воедно и силите на ЈП „Чистота и зеленило“ која врши контиуниран дотур на вода со свои цистерни на овие локации и дава директна помош на самите противпожарни екипи.

Сакам да ги известам граѓаните и да повикам на смиреност, да се почитуваат сите мерки и одлуки на Владата и Централниот кризен штаб бидејќи единствено ако сме дисциплинирани можеме да излеземе и да бидеме корисни на пожарникарите и противпожарните единици кои деноноќно работат на спречување на ваквите сосотјби. Одговорноста треба да ја утврдат надлежните органи која е причината за овие пожари, според укажувањата на дел од граѓаните сметаат дека можеби електричната инсталација на одредени локации при пренос на електрична енергија е една од причините за пожар на локација во селото Мургаш-дополни тој.

Пожарот во Мургаш е целосно под контрола, а  се работи на локализација на огнот во Бељаковце.

Апелирам до месното население во село Бељаковце да биде во приправност бидејќи имаме одредени пожарни џепови кои можат да се реакитивираат и е потребна граѓанска асистенција на одредени локации доколку приметат навремено да пријават и дополнително самите да се вклучат во локализирање на таквите пожари на отворено. По однос на ангажманот на противпожарните екипи сакам да искажам големо задоволство, висока професионалност и надчовечки напорни во последните 36 часа-нагласи тој.

Кумановскиот градоначалник информираше и дека општината има на располагање свои резервни сили за гасење пожари на отворено составени од вработени во„Чистота и зеленило“ и „Водовод“ и доколку е потребно истите ќе бидат дополнително ангажирани.

Општина Куманово ќе излезе со финансиско материјална помош на тие семејства кои имаат последици од овие пожари во изминатиот период. Имаме два пожарникари кои имаат побарано лекарска помош, се работи за повреди од помал карактер и истите се упатени на домашно лекување, но како и да е противпожарната екипа во Куманово функционира непречено и нивната бројка ќе биде надокнадена-додаде тој.

Општина Куманово во моментов располага со 47 пожарникари

Коментари

коментар(и)