ВИДЕО: Опфатат на вакцинирани 46 проценти

Во земјава 46 проценти од населението е вакцинирано, истакна првиот човек на македонското здравство. Тој нагласи дека е опаднат интересот за имунизација, но и бројот на новозаболени од ковид 19.

-Многу важно е да знаеме дека имаме сосема доволно број на вакцини и имаме на располагање за секој граѓанин којшто е заинтересиран за вакцинација. За жал интересот за вакцинација е опаднат, но морам да напоменам дека и паралелно опаднати се и бројките на новоинфицирани, што е позитивна вест, но тоа не значи дека и во иднина така ќе биде, како институција ние сме спремни за какви било предизвици од ковид 19-вели Беким Сали, министер за здравство.

Коментари

коментар(и)