ВИДЕО: Општината додели движни ствари на јавни претпријатија

Со одлука на Советот, општина Куманово даде на трајно користење движни ствари на три јавни претпријатија. Советниците вчера дадоа зелено светло со 10.000 куќни ултразвучни водомери добиени од министерството за транспорт и врски да располага давателот на услугата, јавното претпријатие „Водовод“, со празничните украси да стопанисува јавното претпријатие „Куманово-паркинг“, а одреден број на клупи и корпи за отпадоци набавени претходно од општината да бидат предадени на „Чистота и зеленило“.

За предлог – одлуките за давање на трајно користење на движни ствари – сопственост на општина Куманово на јавните претпријатија „Водовод“, „Куманово -паркинг“ и  „Чистота и зеленило“ гласаа вкупно 20 советници.

Коментари

коментар(и)