ВИДЕО: ОУ „Карпош“ успешно реализираше Еразмус + проект

Основното училиште „Карпош“ од село Умин дол успешно го реализираше Еразмус + проектот, на тема „Биди безбеден – интернет безбедност“. По тој повод денеска се одржа десеминација на проектот во кој учествуваа 14 наставници од училиштето. Проектот се реализираше со градот Винковци од Република Хрватска.

-Професорите од нашето училиште се стекнаа со вештини и познавања кои и понатаму ќе бидат применети во образовниот процес, а исто така очекуваме овој проект да донесе и понатамошна соработка меѓу овие два града, Куманово и Винковци. Имавме можност да посетуваме обуки, кои беа посветени на дигитални алатки со цел да можеме што повеќе да употребуваме интернет, дигитализација, не само во онлајн наставата туку и во секојдневната настава со цел да се  олесни учењето на учениците-истакна Маринела Јакимовска, наставник по историја ОУ „Карпош“ с. Умин дол.

Од основното училиште Карпош се надеваат дека овој проект ќе се придонесе и за поголема соработка меѓу градовите, но и дека од септември, од наредната учебна година, ќе продолжат да работат на вакви проекти.

 

 

Коментари

коментар(и)